![Мекици со пржен мелен сусам](https://moirecepti.mk/content/uploads/2014/08/S7301793-dc7418-800x552.jpg)
Мекици со пржен мелен сусам
Подготовка.
Сусамот пропржете го во тава и потоа заедно со ленот смелете го во машинка за кафе. Од сите состојки замесете средно меко тесто и оставете го да стаса. Кога ќе стаса разбркајте го со дрвена лажица и оставете го да стаса повторно.
Од стасаното тесто формирајте топчиња и редете ги во сад премачкан со масло.
Од секое топче со раце формирајте мекица и пржете во поголема количина загреано масло.
Добар апетит!!
Лиценца: Сите права се задржани