Испечати

Мекици со пржен мелен сусам

Мекици со пржен мелен сусам

Состојки

  • 500гр. брашно
  • 50гр. пржен сусам
  • 1/2 свеж квасец
  • 1/2 пециво
  • 1 лажица ракија
  • 20гр. мелен лен
  • 4 лажици зејтин
  • вода млака по потреба за замесување (околу 250 мл)

Подготовка

Подготовка.
Сусамот пропржете го во тава и потоа заедно со ленот смелете го во машинка за кафе. Од сите состојки замесете средно меко тесто и оставете го да стаса. Кога ќе стаса разбркајте го со дрвена лажица и оставете го да стаса повторно.
Од стасаното тесто формирајте топчиња и редете ги во сад премачкан со масло.
Од секое топче со раце формирајте мекица и пржете во поголема количина загреано масло.
Добар апетит!!