Медитерански леб со маслинки
Одамна немам пробано вакво лепче. Арома, вкус, мекост собрани на едно место. Се приготвува брзо, побрзо се јаде, затоа моја препорака замесете дупла доза и направете две лепчиња.
1. Во просеано брашно се додава квасец и босилек.
2. Во посебен сад се додава топла вода, сол, шеќер, маслиново масло. Промешуваме со дрвена лажица и постепено додаваме од сувите состојки, постојано мешајки.
3. Продолжуваме да месиме со рака (може да употребите и миксер), ама брашно не додавајте, ако ви лепи додавајте масло.
4. Тестото се префрла во намастен сад и покриено се остава да стасува 1 час.
5. Маслинките се сецкаат ситно, како и зелениот дел од младиот лук. Се додавааат кон тестото, се меси сè заедно и се прави округло лепче (дијаметар 25 сантиметри). Се засекува , се премачкува со 2 лажици млеко и се остава да стаса уште 15 минути. Се пече 35 минути на 180 степени.
6. Готовиот леб го покриваме со крпа да одмори малку и потоа може да се сладите со него.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови