Испечати

Медитерански леб со маслинки

Медитерански леб со маслинки

Состојки

  • Состојки
  • 350 гр брашно
  • 1 сув квасец (7 гр)
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка босилек
  • 220 мл топла вода
  • 100 гр црни маслинки
  • 1 млад лук (само зелениот дел)
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици млеко

Подготовка

Одамна немам пробано вакво лепче. Арома, вкус, мекост собрани на едно место. Се приготвува брзо, побрзо се јаде, затоа моја препорака замесете дупла доза и направете две лепчиња.

1. Во просеано брашно се додава квасец и босилек.
2. Во посебен сад се додава топла вода, сол, шеќер, маслиново масло. Промешуваме со дрвена лажица и постепено додаваме од сувите состојки, постојано мешајки.
3. Продолжуваме да месиме со рака (може да употребите и миксер), ама брашно не додавајте, ако ви лепи додавајте масло.
4. Тестото се префрла во намастен сад и покриено се остава да стасува 1 час.
5. Маслинките се сецкаат ситно, како и зелениот дел од младиот лук. Се додавааат кон тестото, се меси сè заедно и се прави округло лепче (дијаметар 25 сантиметри). Се засекува , се премачкува со 2 лажици млеко и се остава да стаса уште 15 минути. Се пече 35 минути на 180 степени.

6. Готовиот леб го покриваме со крпа да одмори малку и потоа може да се сладите со него.