Медена тиква на пареа
Тиквата ја миеме и ја чистиме од лушпите и семките.
Ја сечеме на парчиња и ја редиме во делот наменет за готвење на пареа.
Ставаме доле вода во апаратот и ја пуштаме да се вари на пареа. После завршувањето на програмот, ја префрламе тиквата во малите тавички на делимано, па ја попрскуваме со разматен мед со млака вода.
Ја потураме по површината. Рониме јадро мелени ореви.
Ја ставаме тавата во рерна само колку да прокрчка и да се потпече.
Вадиме додека е топла, па со лажиче доставаме од лепливата медова смеса.
Нека ви е на здравје со оваа вкусотија, а тебе сестро едно фала за рецептот.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови