Постои маџун и од смокви, не само од грозје...
Овој рецепт токму за тие што имаат смокви... а после мармаладите, џемовите и слатката... сеуште имаат и се двоумат што би направиле... Еве од мене еден супер рецепт

- Измијте смоквите, преполовете ги, ставете во поголемо тенџере, облијте со вода колку два прста над смоквите. Ставете ги да се варет сметајки 10 мин. откако добро почнале да вријат. Истурете во преса, нека се прецедат без да ги налегате.
-Повторете ја постапката, вратете ги смоквите назад во тенџерето, налијте повторно со вода, нека вријат, повторно ставете во преса да се прецедат.
- Доколку се многу благи смоквите ова можете и по трети пат да го направите.
Течноста која сте ја добиле ставете во тенџерето и нека се вари. Подолго време се вари се додека се згусти. Треба да биде во густина како мед.
- Повремето од почетокот пробркувајте. Откако ќе осетите дека се згуснува, ќе почнете да го бркате стално за да не ви загори. Повремено кога ќе видите дека запенува - отпенувајте. При крајот на варењето, пробајте, ако не ви е благо можете да додадете шеќер толку колку вие сакате да ви е благо. Ако смоквите се доволно зрели и благи, нема потреба од шеќер. Задолжително мора да пробате за да оцените дали е потребно или не да се додава шеќер.
- Топло соберете и затворете.
Сакам да уживате во оваков маџун кој не е секојдневие...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани