Уште едни убави колачиња со мача во прав. Ајде да споделиме подготовка.

Подготовка:

1. Брашното, шеќерот, мача прашокот и путерот се мешаат и се меси убаво тесто.
2. Во фолија се витка и се остава да постои во фрижидер околу 30 минути.
3. Рерната уклучете ја на 170 степени, нека се загрее. После одмарањето на тестото, уште еднаш кратко измесете го. На работната маса исукајте кора со дебелина околу 3 до 5 мм, па вадете фигури, со калапче во форма на елки. Редете ги на хартија за печење и печете на загреана рерна.
4. Спремете ја глазурата со лимон и шеќер, или растопете бела чоколада на пареа. Јас измешав и така и така. Ако правите со глазурата со зелена боја, обојте ги елките, а потоа попрскајте разнобојни топчиња и оставете да се стврднат. Ако правите со чоколадна глазура, тогаш натопете ги пола елки во белата чоколада, а потоа нанесете од шарените топчиња. Колачињата се брзи и вкусни.
Нека почнат празниците, кутиите ги наполнивме.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови