Сочни мафини кои се едноставни за правење, ама превкусни за јадење. Доколку не сакате не мора да ги полните со мармалад, тоа е по желба и вкус, јас пола ги оставив празни.

Подготовка

1. Во длабок сад ги ставаме јајцата и шеќерот, миксираме до побелување на смесата. Потоа ги додаваме маслото, лимоновиот сок и екстрактот од ванила, миксираме кратко. Го додаваме нишестето, па брашното и пецивото (претходно соединети). Миксираме сосема кратко, на најспората брзина или мешаме со рачна маталка.
2. Книжните каписли ги полниме со смесата (3/4) и ги ставаме во калап за мафини.
3. Печеме во загреана рерна на 180 степени (проверуваме со чачкалица). Готовите мафини нека оладат, па потоа горниот дел го вадиме со остар нож, ставаме внатре мармалад, па затвораме со исечениот дел.
4. Декорираме со глазурата, која се прави со постепено додавање, капка по капка, од лимоновиот сок кај шеќерот во прав, до добивање на кашеста густа смеса. Глазурата ја ставаме во ќесенце, на кое врвот му го дупнуваме, и шараме врз мафините.

*Забелешка - Оваа доза е за 12 мафини. Доколку сакате може во смесата да додадете и рендана кора од лимон. Ако немате ванила екстракт, ставете 1 ванилин шеќер. Овие мафини ги имам правено повеќе пати, бојата им е посветла, но овојпат ги печев во рерната на мини шпоретче, па ми испаднаа за нијанса потемни.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани