Мафини со готови кори и фил од праски
Корите ги сечеме на три ленти а потоа секој правоаголник го сечеме на четири коцки.За подготовка на еден мафин ни се потребни четириаголни четири кори.
Јајцата ги матиме им додаваме млеко, зејтин и прашак за пециво.
Бисквитите ги мелеме, праските ги лупиме и во сецко ги пасираме. Праските и бисквитите ги мешаме.
Секоја четвртаста кора ја премачкуваме со фил. Корите ги редиме една врз друга (погледнете ги дополнителните слики)на крај ставаме фил и затвараме. Секој мафин ги ставаме во калап за мафини делимано. Печеме на 180степени половина час.
Секој мафин го посолуваме со шеќер во прав.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани