Си купив силиконски калапчиња за мафини и веднаш се стаив да ги пробам. За првпат подготвив слатки мафини во Апаратот за готвење со топол воздух, фраерот мој во кујна =) Да ви кажам презадоволна сум од исходот.

Подготовка:
1. Путерот треба да ни е омекнат, на собна температура. Го матиме путерот со шеќерот па додаваме јајце и ванила екстракт, соединуваме.

2. Потоа ги додаваме млекото и какаото, соединуваме повторно со миксер.

3. Пецивото го мешаме во брашното и ги додаваме кон течната смеса.

4. Исечканото чоколадо и исечканите ореви ги додаваме, промешуваме па ја додаваме кората од портокал и на крајот исечканата банана.

5. Соединетата смеса ја распоредуваме во калапи за мафини, најдобро е во силиконски калапи или пак во хартиени калапчиња. Ги печеме во загреана рерна на 180 степени со вентилатор.

Забелешка
Ставав по 4 мафинчиња да се печат на 180 степени, 8-10 минути. Од оваа доза ми излегоа 16 мафини.
За оние што немаат ваков апарат ви пишав во подготовка како да ги печете. Инаку не се многу благи, а кога ќе гризнете од нив се гледаат и чувствуваат парчињата банана.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани