Мармалад од тикви
Уште кога го спремив пецивото од Албетина - Енсаимадас, се зареков дека ќе направам мармалад од тиква каква што имам, ќе го зачинам и ќе биде одличен за во пецивото. Значи - овој рецепт благодарение на Албетина што го постави рецептот за пецивото... овде е се во едно - и зачинки и тиква,
- Испечете измиената мускатна тиква која од прилика треба да биде од околу 1,1/2 кгр. за да имате после точно 1 кгр. пире. Откако се испекла, односно доволно омекнала, извадете од рерната и оставете да олади малку за да ја излупите полесно. Испасирајте ја.
- Изрендајте ја кората на портокалот, сокот истиснете го.
- Ставете пирето од тиквата во касерола, нека вари на тивко. Откако зоврие, додадете ги сите останати состојки и варете околу 15 мин.
- Одстранете од огнот, соберете го топло во теглите и затворете.
Нека ви послужи за премачкување на слатки теста, бухтли, намачкано на лепче врз кајмаче или путер, а ништо помалку е вкусно ако го послужите во чаша со јогурт. Интересен вкус има, а како и да нема покрај медот и останатите зачинки. Нам ни се допаѓа.
Лиценца: Сите права се задржани
ОБОЖАВАМ ТИКВИ.
Јас ги печам овие прекрасни тикви Викианемаја :)
Sto da kazam, osven odlicen recept, odlicna kombinacija na zacini....so zdravje da go trosite.