Мармалад од смокви
Вистинско време за правење мармалад од смокви...превкусен за појадок, во комбинација со палачинки, штрудли, колачи или пак едноставно кога ви се каснува нешто благо послужете се со овој вкусен мармалад.
Мојот начин на пoдготовка е следен
1. Најпрво ги миеме и ги лупиме смоквите, па ги сечеме на неколку парчиња.
2. Потоа ги блендираме и ги ставаме во тенџере, додаваме шеќер по вкус, во зависност од блажината на смоквите.
3. На средна температура го вариме мармаладот до потребната густина.
4. Го собираме жежок во топли тегли, кои ги запечатуваме веднаш.
5. Жешките тегли ги замотуваме со некое ќебе до потполно изладување.
Доколку сакате можете исечканите смокви да ги ставите заедно со шеќерот да се варат, па потоа да ги изблендирате (мене ми е попрактично прво да ги блендирам), или доколку немате блендер можете да ги сомелете на машина за мелење, па да го варите мармаладот. Од оваа доза мене ми испаднаа 6 тегли.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови