На 1кг смокви се става 400гр шеќер.
1. Смоквите се мелат на машина за месо. Се додава шеќерот и веднаш се става да се вари, бидејќи самите смокви веќе имаат пуштено течност.
2. Се додава сок до 2 лимони во варењето.
3. Се вари околу 1 час. Се собира врело во топли тегли и се завиткуваат во ќебе.
Се оставаат до другиот ден.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани