Мармалад од капина и јагода
Овошјето измијте го добро.
Водата и шеќерот нека зовријат.
Пуштете ги јагодите нека варат 10 минути, па полека извадете ги со лажица решетка.
Оставете сирупот пак нека се вари убаво промешувајќи го постепено.
Проверете на ноктот колку се згуснува.
Кога веќе почнува да се згуснува, вратете назад јагодите и додадете ги капините.
Варете пола саат и мешајте постепено да се соединуваат овошките. Мешајте од време на време и пробувајте во тацничка за вкусот и густината.
Кога сметате дека е доволно густо, соберете го во претходно измиени и исушени теглички.
Не затварајте веднаш со капачињата, оставете да се излади целосно, па затворете. На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови