За проба малку подготвив малиџано и на овој начин.
Вкусно...

Прво пиперките и црните домати ги печиме.
Ги ставаме во најлонски кеси.
Потоа убаво ги лупиме, го одстрануваме семето и ги оставаме во цедалка доообро да се исцедат.
На дното на пошироко тенџере ставаме половина колчина на масло
Ги додаваме мелените црни домати и мелените зелени пиперки.
Мешаме и пржиме на тивок оган.
Додаваме шеќер и оцет и постепено го додаваме остатокот на масло.
Додаваме сол.
Кога е скоро готово малиџаното додаваме сенф и една китка сецкан магдонос.
Го собираме жешкото малиџано во жешки теглиња.
Ги завиткуваме во кебенце и оставаме до наредниот ден да се вакумираат и да се изладат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани