Макарони со сирење
Превкусни макарони,одлична вечера!
Макароните ги вариме според упатството на ќесата,во посолена вода ама малку пократко од вообичаено(да не се преварени)
Бешамел
Во сад го топиме путерот,па го додаваме брашното и на тивок оган кратко го пржиме брашното.Постепено го додаваме млекото со постојано мешање додека се згусти сосот.Кога е густ сосот го тргаме од оган зачинуваме со сол и мелен бибер и го додаваме кашкавалот и пармезанот.
Сосост го додаваме во варените макарони,убаво мешаме и го ставеме во садот за печење.
Белото сирење го мешаме со урдата и го распоредуваме во макароните во садот во кој ќе се печат.
Пармезанот и презлата ги мешаме и со тоа убаво ги посипуваме макароните.
Печеме во загреана рерна на 180 степени 20 до 25 мин.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови