15
ное
2020
Макарони со праз и печурки
Макароните се варат во вода со малку сол и масло.
Празот и пиперките се сецкаат ситно. Печурките се сецкаат на ленти.
Во загреана тава, на малку масло се става да се запржи прво празот. Се додава пиперката, а потоа и печурките. Се додава малку сол и бибер. Кога зеленчукот ќе омекне, се додава и доматниот сос.
Сосот се меша со сварените макарони - тоа е се’.
Лесно, вкусно и брзо!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови