Испечати

Макарони со праз и печурки

Макарони со праз и печурки

Состојки

  • 300 гр. макарони
  • 1 страк праз
  • 250 гр. свежи печурки (шампињони)
  • 2 црвени пиперки
  • 200 мл. сос од домати

Подготовка

Макароните се варат во вода со малку сол и масло.
Празот и пиперките се сецкаат ситно. Печурките се сецкаат на ленти.
Во загреана тава, на малку масло се става да се запржи прво празот. Се додава пиперката, а потоа и печурките. Се додава малку сол и бибер. Кога зеленчукот ќе омекне, се додава и доматниот сос.
Сосот се меша со сварените макарони - тоа е се’.
Лесно, вкусно и брзо!