Секогаш го правам ова макало кое може да се консумира како главно јадење (макалце со сирење, маслинки...) но и како прилог со месо. Кога го има макалото на трпезата веднаш најпрво ќе се почне од него и да ви кажам дека престан нема .Ептен е вкусно.

1. Се чистат сувите пиперки од семето и се мијат. Потоа се налева студена вода во тенџере. Се ставаат во водата пиперките и се варат 30мин/ Така поклопени се оставаат да постојат пиперките да омекнат. Се лупат пиперките од лушпата и се оставаат настрана. Ова ќе ви одземе 15 мин време додека убаво се излупат пиперките и да се извади внатрешноста од нив.

2. Се зема празот и убаво се чисти и мие под млаз вода. Се сечка празот на ситни коцкички и во аван со сол се толчи. Додека се толчи постепено се додаваат пиперките и нив заедно со празот ги толчиме. Посолуваме по вкус. Додаваме масло и киселина и уште еднаш сето го промешуваме и тоа е тоа. Посно, брзо, домашно и вкусно. Наздравје!

ПС. може да ставите и лук за да се збогати вкусот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани