За време на пост печурките ни се основен извор на протеини, затоа со нив правиме најразлични, а сепак едноставни и вкусни јадења. Ова е еден од побрзите рецепти.

Подготовка
Кромидот ситно го сечкаме и го ставаме на средна температура на масло да се упржи до омекнување. Ги ставаме ситно насечканите печурки. Откако и тие ќе омекнат ги ставаме зачините. Промешуваме, подготвуваме лепче и макаме.
На здравје оброкот!

Забелешка
Ако сакате да го направите како намаз изблендирајте го. Ја знам понекогаш половината да ја изблендирам а половината да ми биде така ситно пржена.