
Лута пица
Како голем љубител на луто денес ја правев оваа лута пица.
Прво се замесуваат состојките за тесто во една вангличка.Тестото нека биде намеко замесено.
Се остава да кисни 1 час.
Потоа се размесува, се дели на 3-4 топки, се во зависност колку сакате да е дебела и голема пицата.
Јас го поделеив на 4 дела, бидејќи сакам танка пица.
Во загреано тавче се става расуканото тесто, се премачкува со лут кечап, се наросува со оригано, се реди со шампињони, печеница, па кашкавал, парчиња лута пиперка и кулен.
Одма оди на печење во релна околу 7-8 минути на 230 степени.
Секако остатокот од тесто може да биде направено по ваш вкус со избрани состојки.
Лиценца: Сите права се задржани