
Лута домата
Доматите сомелени ги вариме заедно со ловоровите ливчиња и сол по вкус до саканата густина.
Лутите пиперчиња се мелат и се пржат во малку масло (од целовкупното) заедно со сецканиот магдонос. Кога ќе ги пропржиме, го додаваме остатокот од маслото, киселината, шеќерот и мелената пипер. Се убаво изедначуваме и додаваме во сварената домата.
Оставаме уште на кратко да повари.
Собираме жешко во жешки шишиња.
*Зависно од лутината на пиперчињата можат да се намалат или зголемат.
Шољата од 250мл., а филџанчето 100мл.
Одлична е како додаток во јадењата, но и пржена со јајца. )))
Лиценца: Сите права се задржани