Лута домата
Состојки
- 5кг. црвени домати
- 3-4 ловорови ливчиња
- по вкус сол
- 250гр. лути пиперчиња
- 1 врзалка магдонос
- 1 шоља масло
- 1 мало кафено филџанче винска киселина
- 2 лажици шеќер
- 1/2 пакетче мелен црн пипер
Подготовка
Доматите сомелени ги вариме заедно со ловоровите ливчиња и сол по вкус до саканата густина.
Лутите пиперчиња се мелат и се пржат во малку масло (од целовкупното) заедно со сецканиот магдонос. Кога ќе ги пропржиме, го додаваме остатокот од маслото, киселината, шеќерот и мелената пипер. Се убаво изедначуваме и додаваме во сварената домата.
Оставаме уште на кратко да повари.
Собираме жешко во жешки шишиња.
*Зависно од лутината на пиперчињата можат да се намалат или зголемат.
Шољата од 250мл., а филџанчето 100мл.
Одлична е како додаток во јадењата, но и пржена со јајца. )))