Лиснато Копенхаген со пудинг и мармалад
Прашокот за пудинг растворете го во 100 мл. млеко. Во останатото млеко додадете го шеќерот и ставете го млекото да се вари. Откако ќе зоврие ставете го растворениот пудинг и варете додека да се згусни. Тргнете го на страна и покријте го со прозирна фолија за да не фати кора. Оставете го така 20-тина минути малку да се олади. Пудингот не треба да биде ладен!
Тестото исечете го на квадрати отприлика 10см./10см. Белката од јајцето разматете ја со вилушка и со неа премачкајте ги ќошевите на квадратот. Секој ќош превиткајте го, но оставете малку простор од средината на квадратот. На средина по должина ставете од пудингот (отприлика по 3 лажички), а од страните по ширината ставете по една лажичка мармалад. Жолчката заедно со млекото изматете ја со вилушка. Со ова премачкајте ги ќошевите и печете на 200°С 20 минути.
Едноставен рецепт, брза подготовка а одличен вкус.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани