Лиснати кифли
Квасецот заедно со 1 лажица брашно и 1 лажичка шеќер (од вкупната количина) растопете го во млекото и оставете да надојде.
Во длабок сад ставете ги сите состојки и замесете фино, еластично тесто. Јас го месев во кујнска машина, најпрво 3 мин. на најниска брзина додека да се спојат убаво состојките и потоа 10 минути на повисока брзина за убаво да се измеси тестото.
Префрлете го на намастена површина. Веднаш се дели на четири дела. Од секој дел се прават по десет топчиња, се покриваат со крпа и оставаат 10 мин да одморат. Јас ги редев во четири реда да бидат по десет топчиња.
Сега, од првиот дел од кој направивте топчиња, земете ги и секое исукајте го во круг со големина од тацна за кафе. Се премачкуваат убаво со маргарин и се редат една врз друга. Последната коричка нај одозгора, не се мачка со маргарин. Истото повторете го со останатите топчиња тесто. Треба да имате четири купчиња со по десет кори. Се покрива со крпа и остава да одмори 10тина минути.
Земете го првото купче со корички и развлечете тенка округла кора со пречник отприлика 30-32см. Сечете триаголници по желба, кај мене секоја кора ја сечев на 16 триаголници. Виткајте ги кифлите и редете ги во подмачкани плехови. Покријте со крпа и оставете да стасаат.
Вклучете ја рерната на 180 степени.
Кифлите премачкајте ги со изматено јајце, насолете ги со крупна сол и посипете ги со сусам.
Се печат 20тина минути.
Лиценца: Сите права се задржани