Лиснати кифли
Рецептов го најдов на нет, го испробав и сите бевме воодушевени и ние кој ги направивме, а и тие што ги пробаја.Топло ви ги препорачувам!
Квасецот се раствора во топлите вода и млеко со шеќерот. Се остава да надојди.
Се додаваат маслото, солта и брашното, но можи да влези и повеќе од наведената количина на брашно.
Се меси додека се добие средно, меко тесто, кое не се лепи на раце.
Одма се работи.Се дели на 2 дела.Од секој дел се прават по 5 топчиња.Се расукуваат колку плитко тањирче и им се ренда замрзнат маргарин.
Маргаринот се дели на 8 дела, што значи се мачкаат по 4 корички, од петте, пришто последната не се премачкува.
Се изработува и вториот дел.
Од секој дел се отвора тенка кора која се сече на 16 триаголници. Се витка, не многу стегнато. Се премачкуваат со јајце и росат со сусам.
Одма се печат, но и да се подкиснат малку не е грешка.
Печењето е на 220 степени 15мин.
Можи и да им ставите фил.Јас ги направив со сиренце-милина беа.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани