За љубителите на лимони, вкусен и освежителен колач.

Подготовка:

1. Основа- во блендер ги ставаме урмите и оревите, блендираме. Ги додаваме кокосовите трошки, овесните снегулки, сокот од лимон, кората од лимон и кокосовото масло. Блендираме. Проверете ја смесата со прсти, доколку се рони додадете уште малку сок од лимон или кокосово масло. Смесата ја натапкуваме во округол калап со обрач до дијаметар од 16 цм. Смесата ја ставаме на дното и на ѕидот во висина од околу 2цм.

2. Фил- во блендер ги ставаме авокадото, кокосовото млеко, агаве сирупот и сокот од лимон. Блендираме додека не се добие хомогена смеса. Филот го ставаме во фрижидер неколку часа да се згусне. Филот го ставаме врз основата и оставаме во фрижидер да стои неколку часа. Украсуваме со кокосови трошки и малини по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани