Феноменален вкус се доби од овие состојки кога ги вокомпонирав во еден лесен и вкусен сладолед. Оваа вкусотија морате да ја пробате, а наменета е за сите љубители на лимон вкусот.
И порано сум правела лимон сладолед, кој му е омилен вкус на мојот сопруг, ама овој вистински воодушеви.

Подготовка
1. Јајцата со шеќерот се матат до згуснување.
2. Шлагот се мати со млекото до згуснување.
3. Во киселата павлака со мешање раствораме 4 лажици шеќер.
4. Слатката павлака ја матиме до згуснување и сите смеси заедно ги соединуваме со миксер.
5. Рендаме лимон и ставаме сок од лимон, промешуваме. Смесата ја ставаме во соодветен сад и го ставаме во замрзнувач да се стегне.

Иако има повеќе составни елементи кои се млечни производи, навистина се доби еден оригинален вкус кој пленеше со својот карактеристичен интензитет и густина.

Моја препорака е да го пробате и споделите со вашите пријатели!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани