Лимон колач
Еден прекрасен десерт, кој за жал не успеав да го поставам навремено за летен десерт. Го спремив, но заминав на одмор и остана не прикачен. Како и да е еве му место на оваа страница.
На почеток да кажам дека не одзима многу време, дека додека се пече пандишпанот се спрема филот и се така на брзо се подготвува.
Подготовка:
1. Ги матиме јајцата и шеќерот, додека да се згусне убаво смесата, па додаваме ванила, пециво, зејтин, брашно, фанта. Мешаме со шпатула, па префрламе во калап да се пече. Печениот пандишпан го оставаме да се излади.
2. Парадис кремот го матиме според упатството. Му додаваме претходно спремна слатка павлака, кисела павлака, маскарпоне и малку млеко. Спремниот крем го нанесуваме во калапот врз изладениот пандишпан. Попрскуваме кандирани лимети, цитрони и лимони. Полеваме со огледало глазурата, која ја спремаме на следниот начин.
3. Во кацеролата нанесуваме портокал сок или лимон сок, што имате тоа. Додаваме 1 лажица нишесте, па добро мешаме да нема грутчиња. Мешаме да згусти, па полеваме во калапот рамномерно. Оставаме да излади добро, па потоа сечеме на коцки. Нека ви е слатко со овој навистина освежителен десерт.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови