Лимонада со куркума
Куркума е зачин кој доаѓа од коренот на растението Куркума Лонга, кое најдобро успева во Индија и на Карипските Острови. За овој зачин се верува дека е еден од најмоќните природни лекови поради состојката куркумин што ја содржи.
Богата е со витамини Б6, Б3, фолна киселина, калиум, железо, манган, а се смета и за добар извор на влакна.
Ова се главните 15 причини заради кои вреди да ја користите куркумата
- Ја подобрува работата на срцето
- Ги чисти крвните садови
- Ги зајакнува коските и е одлична превенција за остеопороза
- Ги регенерира зглобовите и ги намалува воспаленијата кај артритисот
- Го намалува чувството на подуеност во стомакот
- Одлично се бори против бактериите и габичните инфекции
- Сојузник е во борбата со ракот
- Ја подобрува работата на тироидната жлезда
- Го нормализира менструалниот циклус
- Нуди одлична детоксикација на белите дробови
- Позитивно влијае на кожата и сите кожни заболувања
- Ги елиминира цревните паразити и ја обновува цревната флора
- Ја намалува кашлицата и помага кај бронхитисот
- Помага во намалувањето на килограмите
- Го забрзува метаболизмот и го подобрува варењето
Подготовка
Прво ги цедиме сокот од лимон и сокот од портокал.
Тука додаваме мед, мнооогу малку бибер и куркума.
Промешуваме
Додаваме вода и соединуваме.
Сервираме во чаша и консумираме.
Пожелно е со дрвена лажичка пред консумирање , лимонадата да се промеша , бидејќи има тенденција да се сталожи.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор