Лековито смути со диња и лубеница и нивните семки
За особено лековитото својство на семките од диња и лубеница дознав пред некое време од една наша позната личност која се занимава со нутриционизам. Долга е листата на благодетите што му ги дава на организмот овој посебен пијалок. Семките од лубеница се протеинска храна која изобилува со железо, магнезиум, калиум. Семките од диња се стар лек за да се ослободите од кашлање и инфекции на дишните патишта. За да не должам истражувајте за да дознаете повеќе за што помагаат овие составни елементи на ова летно смути. Во меѓувреме додека е сезоната на дињи и лубеници ви го препорачувам овој богат и здрав пијалок.
Подготовка
Дињата без кора ја сечеме на помали парчиња. Семките што се наоѓаат во кришката диња што сме ја пресекле ги ставаме во чашката од Нутрибулет(блендер). Лубеницата без кора ја сечеме на парчиња и заедно со семките што ги содржи ја ставаме во чашката. Додаваме цел лимон заедно со семките што ги содржи во себе,на кој сме му ја отстраниле кората и сме го пресекле на 4 парчиња. Блендираме додека да се измазни смесата и да се сомелат семките.
Уживајте!