Овој рецепт не е за класични фурнаринки, туку за некој мој рецепт кој сама си го адаптирав на потребите. Во принцип овде користам лудо тесто и тоа обично правам двојна доза од оваа во рецептот и го делам на 4 дела и го замрзнувам. По потреба си вадам од замрзнувачот и си го користам за вакво лепче или пица. Од оваа доза ќе си направите 2 лепчиња/фурнаринки, а ако ви е многу, слободно едниот дел замрзнете го. Лепчето си го правам онака кога ќе ми текни, а децата се луди по него, можда дека е правено од лудо тесто.

Подготовка:

1. Растворете го квасецот во топлата вода, додадете го шеќерот. Оставете го само да се раствори. Потоа додадете го јогуртот, солта и постепено додавајте го просеаното брашнo. Може да користите и миксер.

2. Замесете меко тесто, малку лепливо, а на крај додадете го путерот и домесете го тестото. Ако уште ви е многу лепливо, додадете брашно. Оставете го тестото на топло нека си растe.

3. Потоа поделете го на 2 дела. Раширете го едното тесто на нелеплива тава во правоаголна форма. Одозгора премачкајте со јајце и растопен путер. Наросете сол и сусам. Со помош на кружно ноже за пица, изечете го тестото на ленти.

4. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, додека убаво не порумени, околу 15 минути.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови