Ледена Кралица
1. Најпрво ги правиме корите 1и3.
Ги матиме јајцата со шеќерот да са изматат убаво (да ја добие потребната густина), па ги додаваме сецканите ореви, брашното и пецивото. Ја истураме смесата во тркалезен плех (може и друг плех), претходно ставаме хартија за печење и печеме на 200С. Значи оваа е за едната кора, постапката ја повторуваме и печеме уште една кора.
2. Кора 2.
Белките ги матиме со шеќерот во цврст снег. Како да знаете дали е доволно изматено, кога ќе го завртите садот надолу смесата си стои за садот не се излизгува. На крај се додава оцетот и ја сушиме на 150С околу 20-тина минути, па ја печеме уште 5 минути на 200С.
3. Фил.
Млекото (оставаме 100гр за пудинзите) карамелите и шеќерот ги ставаме на оган. Пудинзите ги промешуваме со млекото што го осавивме настрана. Кога ќе почне да зоврива млекото ги додаваме пудинзите. Мешаме да ја добие потребната густина и оставаме да се излади. Во изладениот пудинг до додаваме маргаринот и матиме за да се соединат.
4. Млекото и шлаг кремот ги матиме. Го додаваме шлагот во пудингот како и еурокремот. Матиме за да се добие еднолична смеса.
5. Слатката павлака ја матиме.
Почнуваме да ја филуваме тортата.Прво ја ставаме кората 1,нанесуваме малку фил па го редиме меденото срце и пак премачкуваме со фил.Врз филот ја ставаме кората 2,пак филуваме и на крај ја ставаме кората 3.Целата торта ја премачкуваме со фил.
Врз филот ставаме од изматената хопла.Одозгора ја наросуваме со зелен кокос.Од хоплата правиме елка и ја украсуваме со цветови,звездички.Од фонданот со калапче вадиме форми на елка и звезди и ја украсуваме тортата.Наздравје...
Лиценца: Сите права се задржани