1. Квасецот се остава да нарасне во малку топла вода, а потоа се додава во брашното и сите останати состојки за истото
2. Се остава 30-40 мин тестото да се удвостручи, а потоа се развлекува кора со сукалка со дебелина од 5 мм
3. Сирењето се дроби и се соединува со јајцато (оставам дел од белката за премачкување на лепчето)
4. Кората се премачкува со филот и се витка во ролат
5. Се става во калап за печење леб и се остава да нарасне околу половина час
6. Се премачкува со белката која е издвоена претходно од јајцето за тоа, се посипува со малку сусам и се пече

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани