Испечати

Леб со фил од овчо сирење

Леб со фил од овчо сирење

Состојки

  • за тестото
  • 200 гр брашно
  • 1/3 коцка пресен квасец
  • 4-5 лажички кисело млеко
  • малку сол
  • 50 мл масло за јадење
  • За фил
  • 1 јајце
  • 150 гр овчко сирење
  • 1 лажица сусам

Подготовка

1. Квасецот се остава да нарасне во малку топла вода, а потоа се додава во брашното и сите останати состојки за истото
2. Се остава 30-40 мин тестото да се удвостручи, а потоа се развлекува кора со сукалка со дебелина од 5 мм
3. Сирењето се дроби и се соединува со јајцато (оставам дел од белката за премачкување на лепчето)
4. Кората се премачкува со филот и се витка во ролат
5. Се става во калап за печење леб и се остава да нарасне околу половина час
6. Се премачкува со белката која е издвоена претходно од јајцето за тоа, се посипува со малку сусам и се пече