Леб лист ( во пекач )
1. Овој тип на леб е често застапен во мојата кујна. Најчесто го правам во тенџере со капак, но овојпат поради големината и изгледот, решив да го направам во пекач.
2. Најпрво го ставаме да се активира квасецот заедно со 1м.л.шеќер, 2м.л.брашно и 100мл.млака вода.
3. Во садот каде ќе месиме ставаме 750гр.брашно, 2м.л.сол, стасаниот квасец и млака вода ( околу 320мл. ) Се замесува тестото, го покриваме со стреч фолија и го оставаме околу 1 час да стаса.
4. Откако ќе стаса, го премесуваме на набрашнета маса, и го формираме лебчето врз мрсна хартија за печење. Формирањето на овој тип на леб како лист е на следниот начин - врз мрсната хартија се расукува тестото до пола и на таа половина со чаша вадиме полукругови, и потоа го преклопуваме тој дел врз останатата половина. Го префрламе во соодветен сад ( овален, во ист облик како пекачот ) заедно со хартијата за печење. Пак се покрива со стреч фолија и се остава да стаса.
5. Кога ќе биде прикрај со стасувањето, ја уклучуваме рерната на 250 степени и го ставаме внатре пекачот и капакот да се загреат.
6. Стасаното лебче се посипува обилно со брашно преку цедалка, и се засекува во вид на лист.
7. Се префрла во загреаниот пекач заедно со хартијата.
8. Се пече на 250 степени со капак 25 минути, потоа намалуваме на 225 степени и печеме уште 20 минути без капак.
Забелешка - откако ќе се испече го ставаме врз некоја решетка, без да се покрива, за околу пола час ќе омекне внатрешноста, а однадвор ќе има крцкава корка...убавина. Малечкото лебче е од останатите половинки при сечењето со чашата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Mnogu ubavo lebcevo.