Мека, сочна, превкусна. Пробајте!

Подготовка:

1. Исечете го радикиото на ленти и пропржете го на маслиново масло.

2. Во касерола ставете го путерот да се растопи. Додајте го брашното и пропржете. Додајте го топлото млеко и со жица мешајте додека се згусти. Посолете, наросете бибер и морско оревче.

3. Тргнете го бешамелот од оган и додајте ја горгонзолата. Мешајте додека се растопи горгонзолата.
Бешамелот со топењето на горгонзолата ќе стане погуст затоа додајте по потреба уште млеко.

4. Во правоаголен калап на дното ставете малку од бешамелот. Ставете лист лазања.
Потоа нанесете пак од бешамелот, радикио, сецкани ореви, моцарела сецкана на мали коцки и пармезан. Повторете ја постапката додека се потрошат листовите лазања и останатите состојки. На последниот лист лазања нанесете само бешамел и пармезан.

5. Печете на 190 степени, 30-35 минути.

Забелешка:
Радикиото ви го прикажав на една од дополнителните слики.
Не знам кој е називот на македонски, но знам дека во Македонија го има во големите маркети.
Инаку има горчлив вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани