Подготовка:

1. Јаболките се лупат, се чистат и крупно се рендаат. Се “запржуваат“ во тава, малку да омекнат и се оставаат да се изладат. Се додава ванилиниот шеќер и филот убаво се меша. По желба може да се додаде и цимет. Путерот се растопува и се меша со зејтинот.
2. Се зема една кора,  се прска со растопениот путер и се наросува со шеќер (4-5 прстофати или повеќе по желба). Врз првата кора се става втора кора. И таа се попрскува со путер и шеќер. Истото се повторува и со третата кора, но на едниот крај се става 2-3 лажици од филот со јаболки.
Празните краеви се подвиткуват и потоа се витка ролат. Се става во плех од шпорет покриен со хартија за печење. Постапката се повторува додека не се потрошат сите кори - излегуваат 7 ролати.
3. Се премачкуваат со путер и се печат на 180 степени околу половина час. Откако ќе се извади од рерна, не се покрива. Се остава да се излади малку, се сече и се посипува со шеќер во прав.
Питата е крцкава и превкусна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови