Подготовка.
Во пола чаша топла вода и 1 лажичка шеќер се става квасецот и 3-4 лажичиња брашно да надојде. Се промешува и пак се остава да надојде.
Се замесува средно меко тесто од брашното, маслото, водата, останатите состојки и надојдениот квасец. Се остава на топло да одмара и при тоа неколку пати се премесува. Се дели на 4 дела. Секој дел се дели на по 8 топчиња, се сукаат топчињата и се премачкуваат со маргарин, осмото се става одозгора, се притиска малку и се става настрана.

Постапката се повторува со останатите топчиња. Се развлекува поголема кора и се дели на 8дела.

Се виткаат кроасаните, се редат во плех за печење премачкан со малку маргарин. Се оставаат да надојдат убаво покриени, но не на многу топло, за да не се стопи маргаринот. Бидејќи се посни не се премачкуваат со ништо, се ставаат во загреана рерна (250 степ.), а по некое време се намалува температурата и убаво се печат.

Од оваа количина излегуваат два плеха кроасани, кои по желба можат и да се смрзнат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани