Крем чорба од печурки
Денешниот вкусен ручек, кремаста чорбичка. Да ја видиме подготовката.
1. Запржете го ситно сецканото кромитче. Месото исечете го на коцки и ставете го да се запржи заедно со кромитчето. Откако ќе се запржи ставете ги печурките. Јас користев маринирана мешавина на печурки. Морам да кажам дека сме љубители на печурки. Ги промешав и оставив да покрчкаат кратко. Зачинив.
2. Мешавината за сос од печурки ја промешав со водата, па добро ја разматив и ја додадов на месото и печурките. Промешав и оставив на тивко да крчка. Пред крајот, додадов свеж ситно сецкан магдонос.
На здравје со оваа превкусна кремаста чорба од месо и печурки.
Топло ја препорачувам.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
I uste ovde da si najdime sos za pecurki, moze da ja probame
A bogami i retko moze da se najde mesavina od marinirani pecurki
Nazdravje da vi e
Катерина јас мн често и крем супа од печурки користам, како сос кој го додавам кога правам нешто со печурки, обично со месо така правам :)
Ama Nade sigurno koristi nesto od germanija, sto go nema tuka