19
јун
2017
Кремасти палачинки
Во касерола го ставаме шеќерот и путер, на тивко да се карамелизира. Внимаваме да не изгори. Го тргаме на страна и внимателно го ставаме млекото, бидејќи може да прска. Ги ставаме и карамелите. Оставаме повторно на оган се да се изедначи. Тргаме од оган и го додаваме путерот од кикирики. Промешуваме и оставаме да се излади. Го додаваме крем сирењето и промешуваме. Ги филуваме палачинките. Сервираме на чинија. Поставуваме декорација од растопен, карамелизиран шеќер.