Кремаста кикирики торта
Се прават две кори
4 јајца се матат со 8 лажици шеќер додека смесата се згусне. Полека со лажица се додаваат кикириките, брашното, пецивото и какаото се промешува смесата и се пече на хартија во плех бр 40.
фил 1
Млекото се става да зоврие со 300гр шеќер и се вари крем со 4 пудинга. Одкако ќе се олади кренот се соединува со 250гр изматен маргарин со шеќерот во прав.
фил 2
300гр шеќер се растопува на рингла внимавајќи да не прегори. Се додава маргаринот и кикириките300гр и се пржи 2-3 минути.Се трга од ринга и се остава убаво да се олади.Одкако ќе се олади се ситни и се межа со 1 фил. Ситнењето може да биде со чеканче, а јас тоа го правам со чоперот и се добива одлична структура.
Се става 1 кора и се премачкува со половина од филот. Се реди 2 кора и втората половина од филот. Тортата се премачкува со шлаг и се поросува со грилијажот од кикирики.
Убава кремаста и вкусна торта наменета за млади дечки за Новата година и со оваа торта на сите тука присутни им ја честитам Новата година и им посакувам на сите да им донесе само среќни денови.
Лиценца: Сите права се задржани