17
дек
2022
Кревок кекс без јајца и без миксер
Користена е чаша од 200 мл
Во вангличка се ставаат млеко, шеќерот, ванилата, маслото и се соединуваат со маталка.
Во друг сад се ставаат брашно, пециво, ореви, вишни и брусница.
Убаво се промешува со цел состојките да се обложат со брашно, за да не паднат на дното на калапот кога се печи кексот.
Овие состојки се додаваат кај претходните и убаво се соединуваат.
Смесата ја распоредуваме во долгнавест калап за леб, кој е обложен со хартија за печење.
Печиме околу 35 минути на 180 степени.
Сепак со чепкалка проверуваме.
Испечениот кекс го оставаме на кујнска решетка да се излади, па го сечиме на парчиња и го послужуваме.
Лиценца: Сите права се задржани