25
фев
2015
Крап со соја
Исчистениот крап го посолуваме.Крапот го полниме со исецканиот лук и половина исцеден лимон.Потоа крапот го ставаме 5-6 часа во фрижидер.Исецканиот кромид го пржиме во 200 гр зејтин.Пржениот кромид го ставаме во тавата во која ќе го печеме крапот.Во тавата ја додаваме и сојата,исецканиот магдонос,исецканиот морков,црниот бибер,белото вино и водата.Сите овие состојки ги мешаме со лажица.На средината од тавата го ставаме крапот,а одозгора го премачкуваме со останатите 50 гр зејтин.Исто така во тавата го додаваме и преостанатиот лимон.Печеме на температура од 180 степени 50-60 мин
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови