Ова е еден од најбрзите превкусни десерти кои се прават со сезонско овошје. Овој пат добитната комбинација е јагода и чоколадо.

Подготовка
1. Бадемите ги мелеме ама на покрупни парчиња, изборот е ваш.
2. Заедно со шеќерот и чоколадните капки ги промешуваме, ги ставаме јагодите одозгора и пак соединуваме.
3. Брашното, пецивото, шеќерот, ситно мелените бадеми ги промешуваме, па го ставаме путерот и со вилушка гмечиме до соединување. Да се направи една ронлива смеса во вид на трошки.
4. Ја распоредуваме врз јагодите.
5. Печеме во загреана рерна на 180 степени, околу 30 минути.

Забелешка
Дозава е за четири вакви тањирчиња кои овој пат ги подготвив во микровална печка. Ми требаа околу 7 минути да испечам две тањирчиња. Користев замрзнати јагоди. Можете и да изрендате чоколадо, јас имав од чоколадните капки и од нив ставив.