Кох
Овој рецепт не бара многу време за подготовка. Припаѓа во типот на најобични десерти за кога ќе Ви налета комшивката на кафе, ненајавена или кога едноставно нема потреба од приготвување на нешто комплицирано, но сепак ќе ни се јави желба да имаме нешто на лагер во фрижидерот.
Јајцата се матат со шеќерот на најголема брзина и откако ќе станат убаво пенести ги додаваме гризот, брашното и пецивото.
Мешаме уште малку за да се хомогенизира смесата и да бидеме сигурни дека не останале грутчиња пециво.
Смесата ја истураме во тавче и печеме на 180 степени околу 20 минути.
Најдобро е да проверите со чепкалка. Потоа извадете го пандишпанот и оставете го да се олади.
Тавчето нема потреба претходно да се намрсува или обложува со хартија за печење.
Во млекото ги ставаме шеќерот, ванилата и кората од лимон. Вриеме додека да се растопи шеќерот.
Изладениот пандишпан го прелеваме веднаш со врелото млеко.
Горната површина можно е да се поткрене во вид на големи меури, оставете ги така и немојте да ги пробушувате.
Нека не ве чуди тоа што пандишпанот ќе биде целосно прекриен со млеко и ќе лебди,гризот ќе си го направи своето.
Кохот е најдобро да отстои 24 часа, но острината на гризот се уште ќе се чувствува. Сега е најдобро време да го исечете на коцки, со посакуваната големина. Веќе по 48 часа целото млеко е сосема упиено и десертот постанува некако повоздушест.
Количината на шеќер додадена во млекото може да ја менувате по сопствен вкус.
Повелете од мојата раванија со шербет од млеко т.н. кох
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ljubica cista petka za kompozicijata! Najubava mi e poslednata slika :))
Фала на комплиментот за сликата,а и мене исто така последната ми беше фаворит за главна слика,но партнерот мој за second opinion поише натежнување на оваа моменталната и така....иако јас пред да ја ставам дефинитивно уште 5 пати ја погледнав,но ете бидна.
За лутиш оправдано,рецептите си се такви :)
Се што е со гриз, обожувам :)
Prekrasni slikicki....
Инаку ако те теши,ни јас нешто посебно не ги разликувам...тука негде се :)