Корички со овошен фил
Фил- дуњата ја лупиме и сецкаме на ситни коцки. Во сад на оган ги ставаме коцките дуња, додаваме вода да се покријат и ги вариме на 10тина минути додека да омекнат. Ги цедиме.
Јаболката ги лупиме и ги рендаме. Во длабок сад ги ставаме јаболката, ги додаваме коцките дуња, брусницата, сувото грозје, сецканите урми, циметот, кафеавиот шеќер и мелените ореви. Промешуваме.
Земаме една кора, ја ставаме на работна површина. Попрскуваме со кисела вода и масло. Врз неа ставаме уште една кора, повторно попрскуваме. На крајот од подолгата страна по цела должина ставаме од филот. Виткаме ролат. Постапката ја повторуваме со преостанатите кори. Ги редиме во плех обложен со хартија за печење. Одозгора ги попрскуваме со кисела вода и масло. Печиме во загреана рерна на 180 степени додека не поруменат. Оставаме малку да се изладат, сечиме посипуваме со шеќер во прав и послужуваме.
Лиценца: Сите права се задржани