9
окт
2021
Компот од грозје
Подготовка:
1. Се мие убаво грозјето. Се одбираат убавите зрна на грозје и се редат во празна тегла. На крајот се става едно парче лимон.
2. Во секоја тегла се става по 2 полни лажици шеќер и се долева вода. Се затвораат теглите со капаци и се ставаат во сад со вода да зовријат. Вријат 20мин.
3. Теглите се покриваат со крпа и така се оставаат да оладат.
Лиценца: Сите права се задржани