По потрага на безглутенски рецепти, а според потребата која ни се појави во семејството, овој рецепт го модифицирав така што ставив пченкарно брашно, наместо пченично, а кромидот го заменив со праз, резултатот- подобар од очекуваното.
1. Измиениот праз се сечка на кругови, се става во тава (јас користев бр. 26), се посолува и се става малку масло и вода. Се пржи додека да испари водата и да зарумени, потоа се трга настрана.
2. Рерната ја пуштаме да се загрее на 220 степени. Компирите ги сечкаме на мали коцки и ги ставаме во тавата со празот. Врз нив наросуваме црн пипер и сув зачин.
3. Настрана со жица се меша млекото и пченкарното брашно да нема грутчиња, и смесата се истура врз компирчињата. Се меша со лажица да се изедначат состојките и се става во загреаната рерна.
4. После 30-тина минути, рерната се намалува на 200 степени и се пече отприлика уште 10-тина минути. Питата се служи топла.
Забелешка
* За лица кои немаат проблем со глутенот, се става обично бело пченично брашно.
* Ако користите обично тавче ставете хартија за печење, доколку сакате да сервирате во друга чинија. Јас користев Делимано.

(510)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани