Подготовка

1. Најпрво подгответе ја смесата за посипување. Измешајте ги сите состојки во длабок сад и втривајте со прсти додека нема повеќе видливи парчиња путер.
2. За смесата за во средина, измешајте ги шеќерот и циметот убаво.
3. За тестото измешајте ги сите суви состојки во длабок сад. Путерот изматете го во посебен сад со двата типа на шеќер, па додајте ги јајцата едно по едно и изматете убаво. Додајте го пирето од тиква и павлаката, а потоа постепено додајте ги и сувите состојки.
4. Во намрсен калап (20цм) додајте половина од тестото, а потоа рамномерно посипете ја мешавината од кокосов шеќер и цимет. Додајте ја и втората половина од тестото. Распоредете ја смесата за посипување одозгора.
5. Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 50 минути (проверете со чепкалка). Откако е убаво испечен, оставете го колачот во калап 15тина минути, а потоа извадете го да се олади целосно.

*чашата е од 250мл
*доколу при печењето забележите дека брзо потемнува одозгора, покријте го колачот со алуминиумска фолија.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани